Машинско вештачење

Вештачењата од областа на машинството ги изработуваат вешти лица со лиценца од соодветната област.

Вештачењата од областа на машинството се за утврдување на вредноста на машини и возила, висината на штета кај возила настаната во незгода и друго во зависност од потребите на клиентот.

Изготвувањето на стручниот наод и мислење зависи пред се од уредно доставената документација.

Основни документи кои се потребни при изготвување на вештачење од областа на машинството се:

  • Записник од МВР
  • Записник од Осигурителна компанија
  • Фотодокументација
  • Сообраќајна книшка
  • Останати документи кои би помогнале изготвувањето на вештиот наод да е квалитетен и ефикасно извештачен