За нас

Друштвото за вештачење и процена Екстра Конт ДООЕЛ, основано на 1 Ноември 2014 година, е друштво кое е специјализирано за изготвување на судски вештачења и процени од различни области за потребите за приватниот и јавниот сектор во Република Македонија.

Вештачењата несомнено претставуваат најчесто применуван начин за утврдување на фактичката состојба во судско-правната практика. Нашиот тим посветува големи внимание во целокупниот процес на вештачење, ангажирање на стручно вешто лице со лиценца, запазување на роковите за изготвување на стручниот наод и постојана комуникација со странките. Целта на друштвото е навремено, квалитетно и независно изготвување на судските вештачења и процени за потребите на надлежните судовиво државата, како и за потребите на осигурителни друштва, адвокати, компании и физички лица.

Вештите лица со кои соработуваме се лица од доверба со долгогодишно работно искуство во нивната сфера на дејност, со висока стручност, чесност, професионалност, совесност и пред се непристрасност во извршување на нивните задачи. Вештите лица со своето искуство стекнато преку долгогодишната работа во соодветната област на дејствување, преку најразлични анализи, стручни и научни методи ги изготвуваат вештите наоди квалитетно и ефикасно со цел побрзо решавање на судските спорови. Сите вешти лица кои се вработени во друштвото и со кои соработуваме како надворешни соработници имаат лиценци од соодветната област издадени од Министерството за правда на Република Македонија.

Успехот во работата на друштвото е потврден кога од една страна имаме вешти лица со долгогодишно искуство и знаење, а од друга страна имаме млад тим кој ја оптимизира работата. Како резултат на нашата стручност, врвна експертиза и стремеж за квалитет се соочуваме со најразлични комплексности и секогаш се стремиме да доставиме врвни резултати.