Сообраќајни вештачења

Вештачењата се најголемиот доказ во судската постапка за да можат судиите полесно да дојдат до заклучок и до решавање на судските спорови. Најчести барања за вештачења кои пристигнуваат во нашето друштво се сообраќајните пред се поради се поголем број на несовесни учесници кои се вклучени во сообраќајот.

Доколку сакате вештачењето да биде ефикасно и квалитетно изработено од страна на вештите лица, податоците за сообраќајната незгода мора да бидат целосни и релевантни.

Како основни документи кои треба да стојат во барањето за вештачење се:

  • Записник од МВР за увид од местото на незгода
  • Скица од местото на сообраќајната незгода

Вештите лица со кои соработуваме се стручни во областа на сообраќајот и врз основа на анализи од доставената документација го изработуваат вештачењето квалитетно и ефикасно со цел побрзо решавање на спорот од сообраќајната незгода.