Медицински вештачења

Медицинските вештачења се вбројуваат меѓу најзастапените за кои се водат судски спорови.

Медицината како наука е обемна и е составена од неколку специјализирани области на медицината. За подобро и поефикасно решавање на судските спорови, за секоја специјализирана област на медицината постои специјализирано вешто лице кое со своето долгогодишно работно искуство во соодветната област, квалитетно и ефикасно може да го изготви вештиот наод.

Ние како друштво, покрај тоа што имаме вработено лиценцирани вешти лица од областа на медицината, отворени сме за соработка а воедно и соработуваме со надворешни соработници со цел да се изработат ефикасни и квалитетни вештачења за полесно решавање на судските спорови.

Како најчести барања за вештачење кои доаѓаат кај Нас а се од областа на медицината се следниве:

  • Барања за психијатриски вештачења
  • Барања за трауматолошки вештачења
  • Барања за невропсихијатриски вештачења
  • Барања за ортопедски вештачења
  • Барања за вештачење од областа на општата хирургија
  • Барања од областа на неврохирургијата
  • Останати барања кои се од областа на медицината